Актуелниот шампион ПСЖ со години доминира во францускиот фудбал во секој поглед, а за тоа говорат и последните податоци според кои меѓу десетте најдобро платени играчи од Лига 1 сите се од редовите на клубот од Париз.
Убедливо најплатен фудбалер во француската Лига 1 е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, со месечен приход од шест милиони евра.
Втор на листата е неговиот соиграч Усман Дембеле со месечни примања од 1,12 милиони евра, додека Бразилецот Маркињос и Французинот Лукас Ернандез месечно заработуваат по 1,11 милиони евра.
Со заработка над границата од еден милион евра месечно е и Словакот Милан Шкриниар.
Најплатен играч во Лига 1, без дресот на ПСЖ, е напаѓачот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг, чија месечна плата изнесува 650.000 евра, додека меѓу првите петнаесет има уште само еден играч кој не е член на ПСЖ – Висам Бен Једер од Монако со месечна плата од 645.000 евра.