Фудбал по пристигнувањето на Аморим

Фудбалерите на Jунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане во тренерскиот штаб

Според „Sky Sports“, на играчите им се допаѓа начинот на кој 48-годишниот Ван Нистелрој комуницира со нив. Играчите сакаат да го гледаат Холанѓанецот како врска меѓу нив и новиот стручен штаб.

Фудбалерите на Jунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане во тренерскиот штаб

Фудбалерите на Манчестер јунајтед очекуваат дека вршителот на должноста тренер на тимот, Руд ван Нистелрој ќе продолжи да работи во клубот.

Според „Sky Sports“, на играчите им се допаѓа начинот на кој 48-годишниот Ван Нистелрој комуницира со нив. Играчите сакаат да го гледаат Холанѓанецот како врска меѓу нив и новиот стручен штаб.

Холанѓанецот стана вршител на должноста главен тренер на тимот по отпуштањето на Ерик тен Хаг на крајот на октомври. Тој се приклучи на тренерскиот штаб на Манчестер јунајтед во текот на летото.

Пред пет дена, клубот од „Олд Трафорд“ објави дека тренерот на Спортинг од Лисабон, Рубен Аморим на 11 ноември ќе ја преземе тренерската функција во Манчестер јунајтед.

To top