Фудбал

Фудбалерите до 21 година поразени на првиот контролен меч во Анталија

Фудбалерите до 21 година поразени на првиот контролен меч во Анталија

Македонската репрезентација до 21 година претрпе пораз во денешниот пријателски натпревар против Белорусија.

Белорусија одигра подобро на натпреварот во Анталија и заслужено дојде до победата.

По првите 45 минути резултатот беше 1:0, а потоа Белорусите постигнаа уште два гола за водство од 3:0. Единствениот гол за Македонија во финишот го постигна Кире Стојанов.

Избраниците на Горан Станиќ на 25 март ги очекува уште еден натпревар и тоа против Азербејџан од 18:00 часот.

 

To top