Фудбал

Познат распоредот на младата фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕП 2027

Познат распоредот на младата фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕП 2027

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на ждрепката во Нион за противници ги доби Италија, Полска, Шкотска, Црна Гора и Ерменија за пласман на ЕП во фудбал во 2027 година.

Во првото коло од групата Е, избраниците на селекторот Горан Станиќ, на гостински терен силите ќе ги одмерат со селекцијата на Полска. Во второто коло, на домашен терен не очекува дуел со фаворитот во групата, Италија.

Ова е комплетниот распоред на натпревари на нашата селекција, во групата Е од квалификациите.

1. коло –  Полска – Македонија   (5 септември)
 2. коло –  Македонија – Италија  (9 септември)
 3. коло  –  Македонија – Ерменија (10 октомври)
 4. коло  –  Црна Гора – Македонија (14 октомври)
 5. коло  – Македонија – Шведска    (13 ноември)
 6. коло  –  Македонија – Полска       (18 ноември)
 7. коло  –  Италија – Македонија    (26 март 2026)
 8. коло  – Ерменија – Македонија   (31 март 2026)
 9. коло  – Македонија – Црна Гора   (1октомври 2026)
10. коло – Шведска – Македонија    (5 октомври 2026)

To top