Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше италијанскиот фудбалер Марко Курто на 10 натпревари, од кои половина условно, бидејќи го навредуваше фудбалерот на Вулверхемптон Хванг Хи Чан.
Инцидентот се случи на 15. јули на пријателскиот натпревар помеѓу Комо и Вулверхемптон, каде што Курто му рекол на еден од соиграчите „да го игнорира Хванг бидејќи мислел дека е Џеки Чен“.
Вулверхемптон по натпреварот поднесе жалба до Европската фудбалска унија, која рече дека е немоќна бидејќи натпреварот не се игра под нејзино покровителство.