Црногорскиот фудбалер Стефан Савиќ (32) по осум успешни години е пред заминување од Атлетико. Поранешниот играч на Партизан, Манчестер сити и Фиорентина оваа сезона падна во втор план кај тренерот Чоло Симеоне и одигра само 972 минути во сите натпреварувања.
Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче инсистира на трансферот на официјално најдобриот црногорскиот фудббалер во 2023 година.
Дека Атлетико е подготвен да се раздели со Савиќ покажува и податокот дека клубот за него нема да бара обесштетување.