Фудбал

Фудбалер на Атлетико Мадрид потпишува за Барселона

Фудбалер на Атлетико Мадрид потпишува за Барселона

Фудбалерот на Атлетико Мадрид Хулијан Алварес ќе биде нов играч на Барселона и тоа ќе се случи веднаш по завршување на Светското првенство кое ќе се игра ова лето.

Оваа вест ја објавија аргентинските медиуми кои потврдија дека аргентинскиот напаѓач веќе има направено договор со каталонскиот гигант, а и клубовите ќе се согласат околу трансфер сумата.

Хулијан Алварес ќе игра за Барселона по завршување на Светското првенство. Вредноста на трансферот ќе биде околу 70 милиони евра.

Неговото време во Атлетико Мадрид доаѓа до крајот“, вели искусниот аргентински новинар Хуго Баласоне.

To top