Поранешниот француски репрезентативец Френк Рибери, кој најдолгиот период од кариерата го мина во Баерн Минхен, се враќа во клубот.
Французинот во германскиот клуб помина 12 години, а сега ќе стане тренер во баварскиот тим.
Рибери одлучил да влезе во тренерската работа и ќе се вработи во Академијата на Баерн, пренесуваат германските медиуми. Својата „работна книшка“ ќе ја добие од почетокот на следната сезона.