Првата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Франција има скршеница на носот, што беше потврдено и од селекторот Дидие Дешан.
Најлошите прогнози се дека Мбапе ќе треба да паузира до крајот на ЕП, а најоптимистичките се дека голгетерот набрзо повторно да се најде на теренот и тоа со заштитна маска на лицето.
Остануваат неколку дена до следниот меч на Франција, период во кој треба да се види каква е сериозноста на скршеницата и дали Мбапе за брзо време ќе се врати на теренот.
Интересно е дека кога се повреди, Мбапе прво излезе од теренот, а потоа намерно се врати за да легне и да бара лекарска помош, а всушност сакаше да „краде време“, па затоа доби и жолт картон.