Фудбал скршен прст

ФОТО: Стоперот на Фулам со тешка повреда на теренот, камерите се’ забележаа

Медицинската служба брзо ја санираше повредата, а Андерсен се врати во игра со залепен прст под аплауз од домашната публика.

ФОТО: Стоперот на Фулам со тешка повреда на теренот, камерите се’ забележаа

Данскиот стопер Јоаким Андерсен (29) заработи повреда на прстот за време на натпреварот од лигата на Фулам против Нотингем Форест синоќа.

Глетката беше толку непријатна што Андерсен не можеше ниту да си ја погледне раката додека медицинскиот тим му помагаше на теренот во „Крејвен Котиџ“.

Повредата се случи по дуелот со напаѓачот на Форест, Игор Хесус, и на почетокот изгледаше како безопасно туркање.

Андерсен веднаш сигнализираше дека има големи болки и побара натпреварот да биде прекинат.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Камерите ја открија вистинската тежина на повредата, бидејќи едниот прст на Андерсен беше целосно изместен и насочен во неприродна насока.

Медицинската служба брзо ја санираше повредата, а Андерсен се врати во игра со залепен прст под аплауз од домашната публика.

To top