Фудбал посвета

ФОТО: Ристовски во солзи по натпреварот: На маицата натпис со посвета за својата покојна мајка

Динамо со реми 1:1 на Максимир го елиминира Бетис и се пласираше во осминафиналето од Конференциската лига.

Загрепскиот клуб пред една недела го победи Бетис во Севиља со 1:0 и така мина со вкупен резултат 2:1. Бетис поведе на Максимир со голот на Седрик Бакамбу, а Такуро Канеко погоди за Динамо.

Долгогодишниот играч на Динамо Стефан Ристовски во солзи го дочека крајот на натпреварот. Македонскиот фудбалер ја загуби мајка си на крајот на минатата година.

Таа почина по тешко боледување. Стефан ѝ ја посвети оваа победа со натпис на својата маица „Среќен роденден, мамо“.

To top