По завршувањето на Европското првенство во Германија, односно на 16. јули од 19 часот на „Сантијаго Бернабеу“ е закажана презентацијата на францускиот интернационалец и капитен на „галските петли“ Килијан Мбапе.
За овој настан се пуштени 80 илјади билети во продажба, а се очекува во следните неколку дена сите да бидат продадени. Шпанските медиуми сега открија како ќе се движи целата церемонија.
Ќе биде инсталирана патека по која Мбапе од соблекувалната ќе пристигне на сцената, на која ќе има и огнени ефекти. Ќе има бендови кои ќе настапат на сцената, панорамски камери со 360 степени со цел да се доловат најдобрите кадри.
Реал Мадрид сака ова да биде ново ниво на презентација, на шоу како што ниту еден фудбалер немал досега.