Неверојатна приказна, баш како оние на кои сме навикнати пред секое големо натпреварување. По драмата, Џошуа Зиркзе сепак си најде место во репрезентацијата.
Роналд Куман беше принуден да направи промени во списокот во последен момент. Така ги повика оние кои веќе беа на одмор. Наместо Френки де Јонг го повика Јан Матсен, а во меѓувреме се повреди Брајан Броби.
Четири дена пред првиот меч на Холандија на ЕП (недела од 18.00 часот против Полска), тој реши да заврти познат телефонски број.
Младиот напаѓач на Болоња требаше да се најде на првиот список (барем така очекуваа холандските медиуми) откако претходната сезона постигна 12 гола со седум асистенции, го предводеше тимот до Лигата на шампионите и беше блиску до преселба во Милано.
Тој одлучи да се опушти и да помине дел од летото во Дизниленд. Тогаш му се јави агентот Киа Јурабчијан. Мислеше дека повторно ќе разговараат за трансферот. Наместо тоа, тој го шокираше.
Итно морал да му се јави Куман и тргнал кон Германија. Зиркзе ќе биде во тимот за натпреварите со Полска, Австрија и Франција, а многу лесно би можел да дебитира на најголемата сцена.