Македонската фудбалска репрезентација вечерва на „Олимико“ во Рим ќе се обиде да направи уште едно чудо против актуелниот европски првак Италија.
Благоја Милевски за денешното гостување против Италија одлучи да постави пет играчи во одбраната и двајца напаѓачи во името на Елмас и Миовски кои треба да ја добијат главната поддршка во нападот од Енис Барди.
Македонија вечерва од 20:45 часот ќе настапи во претпоследното коло од квалификациите за следното Европско фудбалско првенство што воедно претставува увертира за завршниот натпревар закажан за в понеделник против Англија во Скопје.