Фудбал Аукциската куќа очекувала над 10 милиони

ФОТО: Дресовите на Меси од Катар продадени за 7.2 милиони долари

Дел од приходот ќе биде дониран за проектот UNICAS кој го води детската болница „СЈД“ во Барселона со поддршка на „Фондацијата Лео Меси“ за потребите за деца заболени од ретки болести.

ФОТО: Дресовите на Меси од Катар продадени за 7.2 милиони долари

Аукциската куќа „Сотби“ објави синоќа дека комплетот од шест дресови кои капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ги носеше на Светското првенство 2022 во Катар се продадени за 7.2 милиони долари.

Меси на Мундијалот во Катар ја предводеше Аргентина до светската титула и беше прогласен за играч на турнирот.

Screenshot / sothebys.com

„Овие историски дресови се спомен на еден од најважните моменти во спортот и се поврзани со круната на кариерата на еден од најголемите играчи на сите времиња“, појасни претставникот на „Сотби“, Брам Вочер.

Screenshot / sothebys.com

На патот до титулата во Катар, аргентинскиот капитен го носеше сино – белиот дрес во групната фаза против Саудиска Арабија и Мексико, во осминафиналето против Австралија, во четвртфиналето против Холандија, во полуфиналето против Хрватска и во финалето против Франција.

Најавувајќи ја аукцијата минатиот месец, „Сотби“ очекуваше комплетот дресови да достигне цена повисока од десет милиони долари.

To top