Тренерот на лондонски Челси, Енцо Мареска, ги разочара навивачите со изјавата поврзана со повредата на Весли Фофана и најави дека за дефанзивецот можно е и најцрното сценарио.
„За жал, Фофана би можел да паузира до крајот на сезоната. Не сакавме таков епилог, но засега во игра е и црното сценарио“, изјави Мареска.
Сезонава Фофана одигра 12 натпревари во сите конкуренции, а во Челзи пристигна пред две ипол години за огромна сума од 80 милиони евра. Имаше проблеми со повредите и минатата година кога настапи на вкупно дваесет мечеви за „сините“ од Лондон.