Фудбал

Флик ја презеде одговорноста за поразот на Барселона од Осасуна

Флик ја презеде одговорноста за поразот на Барселона од Осасуна

Тренерот на Барселона, Ханси Флик се смета за одговорен за синоќешниот пораз од Осасуна во натпреварот од 8. коло на шпанското првенство.

– Имаме многу повредени играчи, но тоа не е оправдување. Ако го погледнете нашиот состав, во моментов имаме само тројца играчи од средниот ред и еден дефанзивец кој игра на позицијата среден бек. Не е лесно, но ние ја прифаќаме ситуацијата. Треба да прифатиме таков пораз. Не одигравме многу добро. Не го очекував ова. Ако сакате да обвините некого за овој пораз, тоа сум јас. Моја е вината. Морав да го ротирам составот, тоа беше неопходно, ја пренесува изјавата на Флик новинарот Фабрицио Романо.

To top