По поразот од Реал Сосиедад пред две недели, Барселона не сочува предност од два гола во Виго и на крајот освои само бод.
„Игравме многу лошо. Им дозволивме премногу лесно да освојат бод. Во нашата игра имаше многу грешки.
Секако дека сакаме да ја смениме ситуацијата, никој не е задоволен. Може да се каже дека концентрацијата е многу важен фактор. Понекогаш е доволна секунда за нешто да се промени.
Мораме да се вратиме на вистинскиот пат и да се фокусираме на тоа што сакаме и како сакаме да играме. Можеби почнавме да мислиме дека победите доаѓаат лесно, но сега сите имаат дополнителна мотивација кога играат против нас“, вели Флик.
Каталонските медиуми истакнуваат дека Флик сакал да укаже на многу работи веднаш по натпреварот и одржал состанок со сите играчи во соблекувалната пред да се вратат во Каталонија.