Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, го дефинира планот на подготовки кои ќе се одвиваат во Турција и ќе траат три седмици.
Вардар заминува во Сиде, Турција, на 13 јануари. Ќе се играат шест пријателски средби, а на пет од нив веќе се дефинирани.
17.01 – Јаблонец – Чешка
20.01 – се бара противник
23.01 – Мотор Лублин – Полска
26.01 – Махачкала – Русија
29.01 – Акхмат Грозни – Русија
02.02 – Алашкерт – Ерменија
Вардар ќе остане во Турција до 3 февруари, а потоа следи враќање во Македонија каде ќе се игра „генералка“.