Искусниот дефанзивец Филип Најдовски денеска е претставен како големо засилување за Вардар за наредната сезона.
За Најдовски ова е враќање во Вардар по четири години и во првата изјава изрази задоволство што повторно ќе го носи црвено-црниот дрес.
Чест и привилегија е по четири години повторно да го облечам светиот дрес. Верувам во овој проект затоа што сум тука. Понудата од Вардар едноставно не можев да ја одбијам, тука е мојот втор дом. Сакаме Вардар да го вратиме на вистинските патеки, а тоа е во самиот врв на македонскиот фудбал и секако во Европа“, изјави Најдовски.
Овој трансфер на Најдовски треба да е само почеток во промените кои се најавени во Вардар во наредниот период. Црвено-црните денеска ги започнуваат и подготовките за новата сезона.