Фудбал

ФИФА се соочува со тужба поради згуснатиот календар

Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени со по 36 екипи од следната сезона,а дополнително, од 15 јуни до 13 јули 2024 година во САД ќе се одржи и Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи.

ФИФА се соочува со тужба поради згуснатиот календар

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е повикана да ги преразгледа плановите за организација на Светското клупско првенство со 32 екипи на крајот на следната сезона или во спротивно ќе се соочи со правна постапка од страна на синдикатот на играчи ФИФПРО и Асоцијацијата на светските лиги.

Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени со по 36 екипи од следната сезона, а дополнително, од 15 јуни до 13 јули 2024 година во САД ќе се одржи и Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи.

Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПРО) и Асоцијацијата на светските лиги изразија загриженост за проширените натпреварувања во писмо упатено до претседателот и до генералниот секретар на ФИФА, Џани Инфантино и Матијас Графстром, пренесува денеска Би-Би-Си.

Во писмото се вели дека таквиот распоред „ги загрозува националните лиги и влијае на здравјето и благосостојбата на играчите“.

Двете здруженија имаат намера да ги поднесат своите прашања до Советот на ФИФА на состанокот закажан за 17 мај во Бангкок.

Доколку ФИФА одбие да се заложи за решавање на проблемот, двете здруженија најавија дека ќе се советуваат со своите членови околу натамошните опции, не исклучувајќи притоа и преземање правни мерки против ФИФА.

To top