Фудбал

ФИФА поведе дисциплински постапки против Бразил и Аргентина

Аргентинската фудбалска федерација се товари за навивачки инциденти и доцнење на почетокот на натпреварот, во кој аргентинските фудбалери триумфираа со 1-0.

ФИФА поведе дисциплински постапки против Бразил и Аргентина

Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплински постапки против Аргентина и Бразил по навивачките инциденти што се случија пред почетокот на дуелот меѓу двете јужноамерикански селекции во квалификациите за Светското првенство 2026.

Натпреварот се одигра во средата на „Маракана“ во Рио де Женеиро, а физичката пресметка меѓу навивачите на двете репрезентации почна по интонирањето на химните. Екипите се вратија во соблекувалните, а натпреварот почна со задоцнување од 27 минути.

Аргентинската фудбалска федерација се товари за навивачки инциденти и доцнење на почетокот на натпреварот, во кој аргентинските фудбалери триумфираа со 1-0.

Бразилската фудбалска федерација е обвинета за пропусти во организација на натпреварот, соопшти ФИФА.

To top