Фудбал

ФИФА ја обвини Малезија за фалсификување на документи!

ФИФА ја обвини Малезија за фалсификување на документи!

Според правилата на ФИФА, познатото “правило на дедото”, еден играч може да настапува за репрезентација различна од онаа во која е роден, доколку неговите родители или баба и дедо се родени во таа земја.

Фудбалската федерација на Малезија, во обид да го засили својот тим, доставила изводи од матична книга на родени кои наводно докажувале дека бабите и дедовците на седуммина фудбалери од Аргентина, Шпанија, Холандија и Бразил се родени во Малезија.

Сепак, истрагата на ФИФА ги открила оригиналните документи, кои покажале дека предците на овие играчи се всушност родени во нивните матични земји, а не во Малезија. Станува збор за играчите Габриел АрочаФакундо ГарсесЈон ИразабалРодриго ХолгадоИманол МачукаХектор Хевел и Жоао Витор.

To top