Фудбал Финансиските детали не се објавени

ФИФА го продолжи договорот со Катар Ервејз

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го продолжи денеска договорот со Катар Ервејз до 2030 година, со што оваа компанија ќе биде главен авио-превозник за Мундијалот 2026 во САД, Канада и Мексико.

ФИФА го продолжи договорот со Катар Ервејз

Финансиските детали не се објавени, но се претпоставува дека договорот е вреден неколку стотици милиони долари.

Катар Ервејз во последниот комерцијален циклус на Светското првенство, од 2019 до 2022, беше еден од седумте главни спонзори на ФИФА.

Светската фудбалска федерација во тој период наведе дека инкасирала речиси 1.8 милијарди долари.

To top