ФИФА ги објави официјалните процедури и распоредот за ждрепката за Светското првенство 2026, со што стана јасно во кои шешири ќе бидат распоредени репрезентациите.
Според најновата рангира листа, Хрватска ќе се најде во вториот шешир, што значи дека ќе ја избегне конкуренцијата од најсилната група селекции, но истовремено може да добие тежок противник од првиот шешир.
Ждрепката ќе се одржи според класичниот ФИФА-протокол: најпрво ќе се извлекуваат селекциите од Првиот шешир , потоа од Вториот, следуваат оние од Третиот, а на крај репрезентациите од Четвртиот шешир.
Распределбата е направена врз основа на рангирањето на ФИФА од 19 ноември, а целта е да се добие балансирана и конкурентна структура на групите.
Организацијата потврди дека нема да има промени во принципите за континенталните ограничувања – во една група не смеат да се најдат повеќе тимови од ист континент, со исклучок на Европа, која има најмногу учесници.
Очекувањата се дека ждрепката ќе донесе интересни дуели уште во групната фаза, а Хрватска, како полуфиналист на СП 2018 и бронзена на СП 2022, повторно ќе биде меѓу селекциите што привлекуваат големо внимани