Фудбал

ФИФА ги дефинираше правилата за клупското СП

ФИФА ги дефинираше правилата за клупското СП

Новиот формат на Светското клупско првенство првпат ќе биде реализиран претстојното лето.

ФИФА реши да организира клупски мундијал со 32 екипи, клубовите ќе добијат солиден надомест за учество и потенцијално дополнителна заработка по основ н пласманот, но затоа ќе мора да ги почитува и правилата кои денеска се потенцирани од светската фудбалска централа.

Клубовите ќе мора да настапуваат со своите најсилни тимови, а евентуалното откажување на учеството ќе им донесе казна од половина милион евра.

Еден фудбалер ќе има право да настапува само за еден клуб за време на турнирот, а секој клуб треба да располага со најмалку 26 фудбалери.

Федерациите ќе имаат можност да реализираат дополнителен преоден рок од 1 до 10. јуни, а секоја од екипите ќе има право на две замени за фудбалери чии договори ќе истечат додека трае клупскиот мундијал, исто како и две засилувања во вид на трансфери во овој преоден рок.

To top