Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) испрати апел до публиката да дојде порано на стадион на натпреварот меѓу Македонија и Англија кој се игра во квалификациите за ЕП 2024.
За да се избегнат сите гужви и воедно да се запазат сите протоколи, ФФМ испрати барање до публиката да дојде порано на натпревар. Сите карти се распродадени, па од Федерацијата истакнаа дека сите мора да дојдат на стадион навремено.
Вратите ќе бидат затворени 30 МИНУТИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА НАТПРЕВАРОТ. Воедно, нема да биде дозволено внесување на никакви тврди предмети, шишиња, пиротехника, запалки…
Средбата на Арената „Тодор Проески“ стартува од 20:45 час