Фудбал

ФФМ со соопштение во врска со написите на ФК Гостивар

ФФМ со соопштение во врска со написите на ФК Гостивар

 ФФМ имаше своја реакција во врска со написите на ФК Гостивар. Соопштението на ФФМ ви го презентираме во целост:

Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти.

Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменува несоодветни дописи во овој период. 

Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно.

Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа. 

Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост. 

Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство.

Поврзани теми

To top