Фудбал

ФФМ: Сите средства од натпреварот со Велс за семејствата на настраданите во Кочани

ФФМ: Сите средства од натпреварот со Велс за семејствата на настраданите во Кочани

Фудбалската федерација на Македонија реши да ги пренамени сите средства од продажбата на билети за натпреварот против Велс во мундијалските квалификации и истите ќе завршат на сметката на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Се очеува националната арена „Тодор Проески“ да биде исполнета до последно место, а навивачите да дадат голема поддршка за нашите репрезентативци, но воедно да искажат и сочуство за сите семејства кои претрпеа огромна загуба и траума.

Цената на влезниците изнесува 300 и 400 денари. Македонија ќе ја пречека селекцијата на Велс на 25 март, со почеток во 20:45 часот.

To top