Фудбал

ФФМ го закажа следното редовно собрание, бесплатен влез за сите женски репрезентации

ФФМ го закажа следното редовно собрание, бесплатен влез за сите женски репрезентации

Челниците на Фудбалската федерација на Македонија денес на седница на Управниот одбор донесоа неколку важни одлуки.

Тие широко ги отворија вратите за настапите на женската репрезентација, која во Битола и Струмица ќе може бесплатно да се бодри. Исто така дефиниран е терминот и за следното редовно собрани.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука редовното Генерално Собрание да се одржи на 21 март 2026 година, во хотел „Хилтон“, со почеток во 11:00 часот.

На седницита беа донесени и следните одлуки поврзани со женскиот фудбал:

Бесплатен влез за сите шест натпревари од УЕФА квалификацискиот турнир за жени до 17 години, кој ќе се одржи во Струмица и Турново во периодот од 28 февруари до 6 март 2026 година;

Бесплатен влез за квалификацискиот натпревар на сениорката репрезентацијата во женска конкуренција меѓу Македонија и Андора, кој ќе се одигра на 07. март 2026 година на стадион „Петар Милoшевски“ во Битола;

Управниот одбор на федерацијата донесе одлука за набавка на 15.000 до 20.000 нови столчиња за стадионите низ државата. Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ, а ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата Македонска фудбалска лига каде што се исполнети условите за нивна монтажа.

Клубовите, во соработка со локалната самоуправа, ќе бидат одговорни за обезбедување на монтажа на столчињата, со цел стадионите да бидат поудобни и подобро опремени за навивачите. ФФМ со оваа иницијатива продолжува да вложува во инфраструктурата и подобрување на условите за развој на фудбалот во Македонија.

To top