Фудбал

ФФМ ги казни Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино

ФФМ ги казни Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија заТиквешБашкими и Вардар Неготино. Сите три клубови поради инцидентите во текот на минатата недела добија казна од по два натпревари надвор од своите стадиони, односно истите мора да бидат организирани на најмалку 100 километри оддалеченост од нивните стадиони.

На натпреварот од Првата лига помеѓу Тиквеш и Вардар, со предмет од трибините беше удрен еден од помошниците на главниот судија. Вардар го доби натпреварот со службени 3:0.

Во рамките од Втората лига на на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос имаше физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос.

А по завршувањето на натпреварот помеѓу Башкими и Беласица неслужбени лица на теренот имаше на теренот кои извршиле голем притисок врз судиите.

Поврзани теми

To top