Фудбал

ФФМ до навивачите кои дојдоа во Копенхаген: Вашата поддршка е мотив!

ФФМ до навивачите кои дојдоа во Копенхаген: Вашата поддршка е мотив!

Фудбалската федерација на Македонија ги испочитува навивачите и им упати благодарност за огромната поддршка на натпреварот од полуфиналето во баражот за Мундијалот против Данска.

И покрај поразот од 4-0 на фудбалерите, поддршката од трибините не изостана.

Околу 2.000 навивачи имаше Македонија на „Паркен“ во Копенхаген а ФФМ реши да им посвети објава за благодарност.

Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме посилни“, напишаа од федерацијата.

To top