Фудбал

Фетаи: Задоволен сум од дебито, мислам дека одиграв добро

Фетаи: Задоволен сум од дебито, мислам дека одиграв добро

Имран Фетаи во Даблин го имаше своето деби во репрезентацијата на Македонија. Стоперот на Шкендија доби шанса од селеторот Гоце Седлоски и ја искористи. Беше стартер и доби пофалби и од самиот селектор.

По мечот Фетаи имаше што да каже:

Да, морам да кажам дека многу сум задоволен како прв натпревар мисам дека одиграв добро. Секако дека се надевам дека ќе продолжам вака. Ирска е цврст тим и ние мораше да играме така и така игравме. Мислам дека игравме добро и тие немаа некои шанси, па и ние. Ова беше тврд натпревар и мислам дека сите сме задоволни од овој меч“ истакна Фетаи.

To top