Фудбал

Фернандеш: Немаше да го потпишам овој договор ако не верував во едно нешто

Фернандеш: Немаше да го потпишам овој договор ако не верував во едно нешто

Манчестер Јунајтед со официјално соопштение потврди дека португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш стави потпис на нов тригодишен договор, со опција истиот да биде продолжен на дополнителни 12 месеци.

– Сите ја знаат страста која ја чувствувам кон Манчестер Јунајтед. Сфаќам каква одговорност носи облекувањето на овој дрес и знам каква посветеност и желба треба да се има додека се бранат овие бои. Веќе насобрав низа специјални моменти во Јунајтед, слушав како моето име се извикува од Стретфорд Енд, постигнав хет-трик против Лидс, го водев тимот во неколку европски ноќи и подигнував трофеи на „Вембли“.

Сепак, немаше да го потпишам овој дооговор ако не верував дека допрва следи најдоброто за мене во дресот на Јунајтед. Во разговорот кој го имав со новите лидери во клубот, јасно е колку сите се посоветени да дојдеме до фаза да се бориме за најважните трофеи. Гледам позитивна иднина во клубот и се обврзувам да го водам тимот во правилна насока, – изјави Фернандеш.

To top