Ситуацијата со фудбалерот на Реал Мадрид Ферлан Менди е посериозна. Според шпанските медиуми, тој ќе биде надвор од терените до крајот на годината поради повреда на квадрицепсот, што ќе го задржи најмалку три недели надвор од игра.
Менди се приклучува на долгата листа на повредени играчи во Реал Мадрид, која вклучува имиња како Дани Карвахал, Едер Милитао, Давид Алаба, Винисиус јуниор и Едуардо Камавинга.
Добра вест за Анчелоти е што Родриго се ближи до целосно опоравување и наскоро ќе биде достапен за настапи, што би можело да го олесни товарот од останатите играчи во тимот. Алаба и Винисиус исто така почнаа да тренираат со останатиот дел од екипата.