По три месеци од сезоната, Кејн веќе има 17 гола на своето конто, повеќе од цела екипа на Јунајтед во Премиер лигата, а тоа му создава мачнина на Фердинанд.
„Тој веќе го постигна третиот хет-трик, а секогаш кога ќе го видам Хари Кејн со топката која е награда за хет-трик, мене ми се повраќа. Постојано се прашувам зошто не го донесовме“, вели Фердинанд.