Фудбал

Федерико Киеза прави трансфер од Јувентус во Интер?

Федерико Киеза прави трансфер од Јувентус во Интер?

Италијанскиот фудбалер Федерико Киеза  оваа лето би можел да го напушти Јувентус и да направи шокантен трансфер во лутиот ривал и шампион на Италија, Интер.

Како што објави Маурицио Ромеи, кој прв објави дека Киеза во 2020 година ќе се пресели од Фиорентина во Јувентус, сега овој ист новинар пишува и тврди дека италијанскиот репрезентативец ќе го засили Интер.

Киеза има договор со клубот од Торино до летото следната година и кој нема да биде продолжен. Доколку Јувентус не го продаде Киеза во овој преоден рок, постои ризик 26-годишниот напаѓач во јануари бесплатно да избере нов клуб.

 

To top