Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, се наметнува како потенцијален кандидат за менаџерската позиција во Челзи по крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Раководството на лондонскиот клуб внимателно ја следи неговата работа, но актуелниот менаџер Лијам Росиниер засега ја има довербата и долгорочен договор до 2032 година.
Од „сините“ се подготвени да му дадат време да го реализира проектот.Сепак, неговата иднина ќе зависи од резултатите, особено од пласманот во Лигата на шампионите, што е главна цел на клубот.