Англискиот фудбалски прволигаш Евертон поднесе денеска жалба на одлуката со која Премиер лигата го казни со одземање десет бодови поради кршење на правилото за профитабилност и финансиска одржливост.
Евертон сезонава и онака не бележи добри резултати, а казната само дополнително ја влоши состојбата и го спушти клубот на претпоследното место на табелата со само четири бодови.
Поднесувањето на жалбата уследи откако челниците на Евертон ја признаа грешката, но не го потврдија опсегот каков што од своја страна го претстави Премиер лигата.
Премиер лигата сега е задолжена да формира жалбен совет кој повторно ќе го разгледа случајот.