По исцрпувачки 120 минути игра и пенали на мечот Словенија и Португалија, сите го „бркаа“ Кристијано Роналдо и секој словенечки репрезентативец сакаше да си размени дресови со него.
Неколку дена по натпреварот, словенечкиот портал „Ekipa24.si“ ексклузивно објави како Андраж Шпорар го добил дресот на Роналдо.
На едно видео се гледа како Шпорар му приоѓа на Роналдо, му честита, а потоа го прашува за дресот.
Португалецот му гестикулираше дека истото ќе му го даде во соблекувалната. Како што пишуваат Словенците, големата ѕвезда го одржа ветувањето, па Словенецот за спомен го доби дресот на најголемата фудбалска ѕвезда.