Кристијано Роналдо во Лихтенштајн го постигна својот 128. интернационален гол кој има 22 гола повеќе од Лео Меси во оваа категорија.
Славниот Португалец со гол во 46. минута ја најави очекуваната победа на својата репрезентација на гостувањето во Лихтенштајн. Тој ја прифати топката која му ја додаде Диого Жота и ја испрати зад грбот на домашниот голман.
На крајот Португалија победи со 2:0 и ја постигна деветтата победа во исто толку квалификациски натпревари. Тоа беше осми натпревар за Кристијано Роналдо во квалификациите и негов десетти гол.
Тоа е негов вкупно 128 гол на меѓународна сцена, со што само го зголеми рекордот. Тој е убедливо најдобриот стрелец во историјата кога се во прашање головите за репрезентацијата.
Втор на оваа листа е Али Даеи кој за Иран постигна 109 гола, а трет е Лионел Меси со 106 гола.