Ерлинг Халанд заработи повреда на зглобот на тренингот на репрезентацијата во пресрет на пријателските натпревари против Чешка и Словачка.
Како што пренесуваат скандинавските медиуми, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата со болна гримаса на лицето го напуштил тренингот на норвешката репрезентација.
Сепак, по деталните лекарски прегледи, се утврди дека нема ништо сериозно, но се претпоставува дека Халанд нема да биде во тимот на споменатите натпревари или доколку настапи, ќе има скромна минутажа.