Фудбал

Ерлинг Халанд ќе го напушти Сити доколку не обезбеди пласман во ЛШ

Ерлинг Халанд ќе го напушти Сити доколку не обезбеди пласман во ЛШ

Според медиумите од Англија норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд јасно ставил до знаење дека не е подготвен да помине сезона без Лигата на шампионите во екипата на Манчестер Сити.

Доколку тимот на Пеп Гвардиола не успее да се квалификува за ова натпреварување, тоа може да доведе до заминување на Халанд ова лето.

Најверојатно Реал Мадрид би бил неговата следна дестинација, иако ПСЖ би можел да биде алтернатива, иако француската лига не изгледа особено привлечна за Халанд.

Потсетување дека важечкиот договор на Халанд со Манчестер сити е до 30 јуни 2034 година.

To top