Фудбал

Ерик Тен Хаг од наредната сезона ќе ја предводи Рома

Ерик Тен Хаг од наредната сезона ќе ја предводи Рома

На „Олимпико“ пред големото дерби Рома – Јувентус  е уловено и познато тренерско име кое во моментов е без ангажман.

Се работи за Ерик тен Хаг, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, кој вечерва во живо го следи натпреварот од 31. коло на Серија А и кого медиумите веќе го поврзуваат со новиот клуб.

Холандскиот стратег е најавен како потенцијален наследник на Клаудио Раниери во Рома, односно тренер кој самиот Раниери и менаџментот на „волчицата“ го избрале да ја предводи екипата од следната сезона.

Тен Хаг избегнал да даде изјава за медиумите, но јасно е дека тешко ќе ги избегне шпекулациите за прв ангажман во Серија А.

To top