Дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија, потпиша нов договор со шпанскиот фудбалски првак, до 30 јуни 2031 година, објави денеска каталонскиот клуб.
–” Оваа одлука е глас на доверба во играч, пораснат во Ла Масија и кој претставува одличен пример за младите играчи. Неговата игра, зрелост и посветеност беа одлучувачки во зајакнувањето на неговиот однос со клубот.
На овој начин, Ерик Гарсија ќе продолжи да го демонстрира својот талент, лидерски квалитети и упорност. Денешната објава е радост и за клубот и за навивачите, се вели во соопштението на Барселона.
Оваа сезона, 24-годишниот Ерик Гарсија досега има 15 настапи во шпанското првенство, постигнувајќи еден гол.