Фудбал

Ерик Дајер останува во Баерн Минхен

Ерик Дајер останува во Баерн Минхен

Баерн Минхен ја активирал клаузулата за перманентен трансфер на Ерик Дајер од Тотнем, објавија германските медиуми.

Позајмицата на Дајер беше до крајот на оваа сезона со опција за дополнителни 12 месеци. Таа опција сега е активирана и тој ќе остане на Алијанц арената.

Договорот на Тотнем со Дајер е до јуни 2025 година, што значи дека фудбалерот ќе потпише за Баерн како слободен играч.

Баварците за Дајер ќе платат само 4 милиони евра за позајмицата од дополнителни 12 месеци.

To top