Фудбал

Енцо Мареска наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити

Енцо Мареска наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити

Иако актуелниот договор на Пеп Гвардиола со Манчестер Сити е со важност до 2027 година, сè поизвесно е дека шпанскиот стратег ќе ја заврши својата десетгодишна мисија по крајот на тековната сезона.

Инсајдерите како Фабрицио Романо и Фрејзер Флечер од TEAMtalk потврдуваат дека одлуката е веќе донесена, без оглед на исходот во трката за титулата во Премиер лигатаГвардиола, кој го трансформираше клубот во глобална фудбалска сила и ја освои Лигата на шампионите, наводно планира подолг одмор од фудбалот.

Италијанскиот тренер Енцо Мареска се наметнува како примарен избор за нов менаџер на Манчестер Сити поради неговата длабока поврзаност со филозофијата на клубот.

Мареска претходно работеше како помошник на Пеп Гвардиола и ги водеше младинските категории на тимот, што му овозможува беспрекорно разбирање на тактичките барања

To top