Менаџерот на Челси, Лијам Росениор, денеска ги шокираше навивачите со потврда дека еден од клучните играчи и вице-капитен на тимот, Енцо Фернандез, е отстранет од тимот за претстојните два натпревари.
Аргентинецот нема да биде во комбинација за четвртфинале во ФА Купот против Порт Вејл, како и за големото дерби против Манчестер Сити следниот викенд.
На денешната прес-конференција, Росениор беше дециден дека одлуката е заедничка и донесена во соработка со спортските директори и сопствениците на клубот.
„Разговарав со Енцо пред еден час. Донесовме одлука дека тој нема да биде достапен за утрешниот меч, ниту за гостувањето кај Сити.
Линијата беше премината во однос на нашата култура и она што сакаме да го изградиме. Моравме да изречеме санкција. Ова е победнички клуб со традиција на успеси и тоа мора да се заштити“, изјави Лијам Росениор.
Иако вратата не е целосно затворена за Фернандез, менаџерот нагласи дека емотивната стабилност е клучна по серијата тешки порази, вклучувајќи го и дебаклот од ПСЖ во Лигата на шампионите.