Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди не добива шанса во Трабзонспор и конечно во јануарскиот преоден рок ќе ја промени средината.
Барди не беше дел од првиот тим седум средби по ред и заедно со уште неколку играчи беше „суспендиран“.
Според медиумите од Турција, постои интерес од Динамо Загреб, но исто така заинтересиран е и Башакшекир.
Во Трабзон дојде во 2022 година од Леванте, а сега останува да видиме дали ќе остане во Турција или ќе се пресели во Загреб.