Фудбал

Ен-Несири доаѓа во Јувентус

Ен-Несири доаѓа во Јувентус

Јувентус е блиску до потпишување на договор со напаѓачот на Фенербахче, Јусеф Ен-Несири.

Клубовите постигнаа договор за позајмица со 28-годишниот играч за 5 милиони евра.

Договорот, исто така, вклучува опција за откуп на играчот за 19 милиони евра плус 3 милиони евра, објави новинарот Јагиз Сабунџуоглу.

Сега тимот од Торино чека одговор од самиот Мароканец, кој се уште не се изјаснил за заминување на Апенините.

To top